Се чека на последната репрезентација во втората фаза – Данска или Унгарија

Данска или Унгарија е последната дилема што се решава во денешните дуели од 14.тото ЕП во ракомет за мажи, откако по вчерашните натпревари познат е пласманот на 11 селекции.

Двата одлучувачки натпревари од Групата Е, ќе може да ги следите во директен пренос на Телма и тоа: Исланд- Унгарија во 18.15 часот и Русија – Данска во 20.30 часот.

Македонските ракометари кои настапуваа во Б групата се враќаат дома, со најлош пласман на континенталните шампионати досега, а од групата – Б во која настапуваа во следната фаза играат : Австрија и Чешка. Хрватска и Белорусија се двете селекции кои оддат понатаму од групата – А, а дома си заминаа  Црна Гора и Србија. Од селекциите во групата – Ц, натпреварите ги продолжуваат Шпанија и Германија, а првенството заврши за Холандија и за Летонија. Норвешка и Португалија одат понатаму од Групата – Д, испраќајќи ги дома Франција и  БиХ.  Од групата – Ф во следната фаза се пласираа Словенија и Шведска, а шампионатот заврши за Полска и Швајцарија.

Првите дуели од втората фаза се играат вече утре и тоа: Хрватска – Австрија (директен пренос на Телма во 18.15) и Белорусија- Германија (пренос на Телма од 20.30 часот).

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ