Се бараат оставки и одговорност по скандалот со распределбата на парите во културата

Оставки од Министерот за култура Асаф Адеми и од Комисијата која ја вршела распределбата на парите во годишната програма, како и целосно поништување на конурсот бара културната јавност по скандалот со одобрениет проекти.

Уметниците, писателите, издавачите, раководителите на театрите, музичарите се кренаа на нозе. Малку пари има за Кумановскиот и Велешкиот театр но затоа Гостиварскиот кој минатата година немал ниту една претстава сега ќе добие највисока сума парични средства.

Реагираат и Скопскиот џез фестивал, Фестивалот Златно Славејче, Танц фест Скопје.Директорот на скопскиот џез фестивал Оливер Белопета реагира на изјавата на Премиерот Заев кој тврди дека тие воопшто не аплицирале на конкурсот. Секој поединечен искажан збор е неточен  и комплетна лага,вели Белопета. Уметничкиот директор на Танц фест Скопје и Рисима Рисимкин и порача на Владата да направат јасни критериуми кои ќе бидат реални и мерливи без да се маргинализираат фестивалите кои оставиле свој печат во културата. Оставка од функцијата во Советот за култура си поднесе театарската режисерка Зоја Бузалковска.

Претседателот на Сојузот на музички уметници Љубиша Кировски порачува, политиката да ги тргне рацете од културата.

Актерот Сашо Тасевски апелира да се стави крај на самоволието во Министерствот за култура.

Премиерот Заев најави дека ќе биде понишетен само дел од Конкурсот за проекти од национален интерес.

Во програмата е забележливо и поголемо присуство на поединци кои добиел повеќе проекти. Таков е случајот со режисерското семејство Васил Христов и Нела Витошевиќ кои добиле 5 проекти од околу 100 000 евра. Витошевиќ има 3 престави во три различни тетари, а Христо два проекти во два театри.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ