СДСМ ја доби првата кандидатура

Поранешeн амбасадор во Германија и Австрија, како и нерезидентен  амбасадор во Јапонија и Словачка, член на Европската академија за науки и уметности, експерт на Обединетите нации, доктор на технички науки со осум специјализации, шест книги, 180 научни трудови, медали и витешки ордени. Ова е само дел од биографијата на првиот кандидат кој денеска се пријави на огласот на СДСМ за претседател на државата. Д-р Ѓорѓи Филипов, родум од Кавадарци, професионалната кариера ја градел во неколку европски држави. Смета дека има капацитет да добие поддршка од сите органи и основни организации на СДСМ.

Филипов не беше опфатен во досегашните партиски анкети, затоа и смета дека истражувања треба да има и откако ќе се примат сите кандидатури, како  и дека на сите подеднакво треба да им се отстапи простор да се претстават кои се и за што се залагаат. Вели дека ќе биде добар заеднички кандидат, доколку СДСМ и владините партнери се одлучат на таква варијанта. Огласот на оваа партија е отворен до 19 февруари, а конечната одлука ќе ја носат највисоките партиски органи на 5-ти март.

Во противничкиот кампус, пак, веќе почна внатре-партиската кампања. Пријавени се девет кандидати, но засега се најактивни тројца. Професорката Гордана Сиљановска – Давкова веќе е на терен, вчера посети 11 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Западна Македонија иако се уште се претставува како независен граѓански кандидат.

Пратеникот Влатко Ѓорчев, пак,  е свртен кон исток. Деновиве посети 13 општински комитети, меѓу кои и во Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Неготино, каде побара поддршка за конвенцијата.Филип Петровски засега е сконцентриран на фејсбук и на обраќања кон граѓаните. Кандидатот на најголемата опозициска партија ќе се бира во сабота, на конвенција во Струга.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ