СДСМ и БЕСА го официјализираa предизборниот договор

СДСМ и Движењето Беса го официјализираа предизборниот договор со што ова е првата предизборна македонско-албанска коалиција за парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април.

Договорено е Билал Касами да биде носител на заедничката пратеничка листа за Шестата изборна единица, тетовско-гостиварска единица, каде тој ќе се соочи со лидерите на ДУИ и Алијанса на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села. Договорено е на изборите да настапат со унифицирана програма која ќе понуди реални проекти за граѓаните.

Претходно Беса не успеа да се договори за заеднички настап на изборите со Алијансата за Албанците и со Алтернатива. Партиите на Зијадин Села и на Африм Гаши минатата недела потпишаа договор за предизборна коалиција. Неизвесно е дали ДПА на Мендух Тачи ќе стане дел од коалицијата помеѓу Заев и Касами, со оглед на барањата на Тачи за вицепремиер и ДУИ да не биде дел од новата влада.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ