СДК: Ремедика и Диамед фрлаат медицински отпад во контејнери за отпад

Вработени во болницата „Ремедика“ и приватната здравствена установа (ПЗУ) „Диамед“ фрлале медицински отпад во контејнерите за ѓубре за домаќинставата, но во тој момент ги фатиле комуналните редари и инспектори на Град Скопје, пишува СДК.

„За наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој состави Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направи фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Според Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот на постапување со медицински отпад, тој треба да фрла во посебни садови во рамките на болниците или здравствените установи. Секоја здравствена установа треба да има склучено договор со депонијата „Дрисла“ за подигнување и транспортирање на отпадот. Потоа тој се гори во печката за медицински отпад на депонијата, пишува СДК.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ