Сашо Мијалков денеска не беше спрoведен во суд – одбраната ќе се жали за притворот

Ниту пеш придружуван од бодигарди како што доаѓаше на судењата претходно ниту со затворско комбе како што доагаат притворениците Сашо Мијалков денеска не беше спорведен во суд. Откако вчера вечер му беше определен притвор и во 20 часот влегол во истражниот затвор во Шутка, судот немал доволно време за да побара од затворот да го донесе на денешното рочиште за Таргет Тврдина. Судењето се одложи за 4-ти декември но Мијалков и претходно има судења за другите три предмети на сјо за кои одговара. Адвокатите подготвуваат жалба за притворот.

Мијалков поседувал 11 милиони евра на  две сметки кои биле на име на друго правно и физичко лице но имало сознанија дека се всушност негови, стои во решението за притвор до кое дојде Телма каде се цитира допис на Управата за финансиско разузнување.

  • Воедно за обвинетиот добиени се оперативни информации дека ќе се даде во бегство односно дека истиот презема дејствија и активности кои укажуваат на сериозна опасност од бегство на обвинетиот

Што конкретно преземал Мијалков за бегство, од СЈО не откриваат. И обвинителите од СЈО кои го водат предметот за масовното прислушување денеска не сакаа да даваат изјави. Специјалната обвинитлека Јанева пред 1 недела говорејки за предметот Имерија каде не побара притвор за него, изјави.

Опасноста од бегство според судот била зголемена и поради тоа што против Мијалков се водат повеке кривични постпки а неодамна беше отворена и истрагата импероја за сериозни криивчни дела. Судот го потенцира и неговиот имот во Чешка но и голем имот што го поседува тој и неговото семејство во земјава, кој како што стои во решението за притвор, може да го продаде и да избега.

По бегството на Никола Груевски, Мијалков е трет поранешен функционер кој влегува во Шутка поради опасност од бегство. Претходно Миле Јанакиевкси и Кирил Божиновски. Во нивните решенија се споменуваше службена белешка на УБК и МВР дека барале амнестија од претседатлелот по што следуваа препукувања мегу одбраната и Иванов од една страна и Кривичниот суд од друга страна. За притворот на Мијалков пак се споменува допис од управа за финансиско разузнавање.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ