Синодот тврди дека МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата инфраструктура

По, 10 дена прашања и одговори дали Македонската православна црква ќе гради во строгиот центар на Скопје, оттаму стаса и официјален став. МПЦ не се откажува од луксузниот имот кој го добила со денационализација и останува во бизнис зделката со фирмата МГ „Фешн“, на кумановецот Зоран Антиќ. Синдот ја информира јавноста дека не е тајна, најстарата црква на балканот да поседува имот.

Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните канони, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ, се вели во соопштението од Синодот.

МПЦ во своето соопштение повикувајќи се на историјата на црквата објаснува дека и поединци во црквата располагале со имот, но бил користен за добробит на заедницата. Кусото соопштение на Синодот не дава објаснување зошто црквата  решила пред еден месец преку нивната фирма „Обновители“ да докупи државно земјиште за 2,3 милиони евра на кое според деталниот урбанистички план на општина Центар се дозволува изградба на 60- катници. Ставот на МПЦ доаѓа на денот на одбележувањето на 60 години постоење на македонска црква и 1.000 години Охридска архиепископија. За таа цел на православниот факултет за богословие се одржа научен собир. Дел од столчињата наменети за највисоките црковни претставници останаа празни, кои го пропуштија мислењето на професорите на темата „Грижата за животната средина низ призмата на Црквата“.

Револтот во јавноста дојде откако одекна аферата дека  бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ докупуваат земјиште од минситерството за транспорт и врски спроти Холидеј ин, за да протечат и договорите на распределба на станбениот и деловен простор кога ќе се изградат зданијата. Општина Центар најави ревизија на дупот од 2012 кој е под мораториумска забрана за градба со ветување дека најмалку 20 проценти од целиот градежен простор ќе биде зеленило. На МПЦ и Антиќ сега им недостасуваат уште имотите на куќите во Ново Маало кое пак со децении чекаат ново руво за нивнтие дотраени живеалишта за да можат да ја комплетираат и третата градежна парцела.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ