Сан Антонио го совлада Феникс, Попович за историја

Сан Антонио го совлада Фенис со 111:86, а по оваа победа тренерот на домашните Грег Поповиќ со вкупно 1211 триумфи се искачи на четвртото место на вечната листа во НБА лигата престигнувајќи го легендарниот Пат Рајли. Брајн Форбс мечот го заврши со 24 поени и 11 скока, а ЛаМаркус Олддриџ беше стрелец  на 18 поени. Во поразениот тим Ти Џеј Ворен имаше учинок од 23 поени и шест освоени топки додека ДеАнтони Мелтон забележа 17 поени и седум скока.

По два порази во низа победа на водечкиот тим во лигата Торонто кој славеше со 123:99 во дуелот против Лос Анџелес Клиперс. Серж Ибака имаше 25 поени и девет скока, а Кајл Лаури додаде 21 поен и седум асистенции. На спротивната страна Бобан Марјановиќ впиша 18 поени и седум освоени топки.

Во последниот дуел од вечерашнава програма Хјустон забележа победа од 111:104 во дуелот против Портланд.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ