Само двајца инфетколози во „Осми септември“ за пациентите со Ковид-19

Само двајца инфектолози се подготвени и спремни да примат и третираат пациенти со Корона, во инфективниот оддел во најголемата здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во земјава, ГОБ „Осми септември“. Засега една третина од капацитетот на установата е ставен во служба на пациентите коишто се сомнителни позитивни. Заедно со инфектолозите работат интернисти и пулмолози.

Болницата има карантински дел кој е изолиран од останатите делови од болницата. Таму во овој момент има единаесет пациенти. Двајца дишат на апарати и бројката ќе се дуплира во следните денови, очекуваат од болницата. Се уште се чекаат брисеви за оние со респираторни проблеми.

Освен карантинскиот дел, внатре во болницата има преоден дел каде што се сместени пациентите со полесна клиничка слика. И таму има 11 на број. Од сите нив е земен брис. Директорот Костов најави дека ако ситуацијата излезе од контрола и бројките нагло пораснат, „Осми септември“ ќе биде болница за пациенти со коронавирус, со целосниот капацитет. Од неделава целосно подготвена е и мобилната болница кај Инфективната клиника каде што ќе се примат пациентите за коишто веќе ќе нема место онаму каде што сега се згрижуваат, во зградата до шаторите.

Петар Догов

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ