Самит на НАТО во Лондон, 70 години од основањето на Алијансата

Во Лондон денеска почнува дводневен самит на НАТО со цел  да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина од основањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Лондон синоќа, а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

Сепак, додека се подготвуваат за средба со Трамп, некои европски лидери продолжуваат да ја доведуваат во прашање посветеноста на Вашингтон кон НАТО.

Конфликтите продолжуваат во североисточна Сирија по турската офанзива и одлуката на Трамп да ги повлече американските сили, без да се консултира сојузниците на НАТО. Повлекувањето на САД ја разгоре загриженоста за посветеноста на САД кон НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи од Европа да создаде своја безбедносна структура.

Изјавата доби силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Според Си-Ен-Ен, далеку од тоа дека е кревка алијанса, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики.

По завршувањето на Студената војна, земјите-членки ги намалија буџетите за одбрана, но по анексијата на Русија на Крим, сојузниците се согласија да ги прекинат кратењата на буџетот и да ги зголемат трошоците за одбрана. Целта е до 2024 година да достигнат два отсто од БДП во секоја земја-членка.

Девет држави се предвидува да ја исполнат целта оваа година – САД, Грција, Велика Британија, Бугарија, Естонија, Литванија, Латвија, Полска и Романија.

Според новите податоци објавени во петокот, европските сојузници и Канада, исто така, ќе распределат дополнителни 130 милијарди американски долари на нивните буџети за одбрана до крајот на 2020 година, при што 20 отсто од тоа зголемување ќе биде од Германија, критикувана од Трамп дека не троши доволно на одбраната. До 2024 година се очекува да бидат додадени дополнителни 400 милијарди американски долари.

Покрај националните буџети, НАТО има мал буџет од 2 милијарди американски долари за поддршка на работата на седиштето во Брисел и за финансирање на воените операции ширум светот. Минатиот четврток, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека САД ќе плаќаат помалку за овој буџет и Германија ќе помогне да се пополни празнината, со тоа што двете држави плаќаат по околу 16 отсто. Досега САД плаќаа 22 отсто од таа сума. Други европски сојузници исто така се согласија да плаќаат повеќе без Франција која одби

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ