Салдатсенка ја предводеше Белорусија до победата против Србија

Тренерот на белоруската репрезентација Јури Чевстов има дилема околу тоа кој треба да биде главниот голман на тимот, Иван Мацкевич или Вјачеслав Салдатсенка.

Салдатсенка беше меѓу 10-те најдобри голмани на двете претходни европски првенства според процентот на одбранети удари. Сепак, тој не е секогаш ефикасен на голманската позиција, па предвидувањата беа дека белорускиот тренер овој пат ќе му даде предност на Мацкевич.

Сепак, Салдатсенка го започна натпреварот и тоа се покажа како одлична одлука. Тој одбрани 10 удари, вклучувајќи и 3 пенали и одбрани 29% од упатените удари, со што ја освои наградата за играч на натпреварот.

Одличен настап имаше и Артсем Каралек, пикерот од Кијелце, кој постигна 9 голови од 10 упатени удари.

Двете репрезентации имаа подобар учинок во нападот отколку во одбраната на почетокот на натпреварот што резултираше со 13 голови во првите 10 минути, по кои Белорусија водеше 7:6.

Неколку минути подоцна, белорусите поведоа и со 10:6, но Србија не се предаваше.

Благодарение на повеќето суспензии на белоруските играчи и грешките во одбраната, Србија успеа да изедначи на 13:13. На полувремето Белорусите водеа со 16:15.

На почетокот од второто полувреме, Србија изедначи на 18:18, но тоа беше единствен случај по паузата кога Белорусија немаше водство.

Благодарение на одбраните на Салдатсенка и течниот напад, белорусите започнаа да се одвојуваат резултатски и на крајот извојуваат победа со 5 голови разлика.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ