САД ја преземаат иницијативата во Централна Азија и Авганистан, уште испораки на Ф-35

Од американскиот Стејт департмент синоќа изјавија дека постои голем интерес помеѓу партнерите за испорака на допoлнителен број на ловци Ф-35, и дека САД се обидуваат да ја истиснат Русија од централно-азиските маршрути на снабдување.

Некои од учесниците во програмата се надеваат на погоден момент… Некои од партнерите изразија заинтересираност за дополнителни испораки, изјави Кларк Купер, помошник државен секретар за воено-политички дела.

Притоа, тој укажа дека во моментов ловци за дополнителна испорака нема на лагер.

Би рекол дека се гледа на прозводството и роковите, потребни за изработка на секој Ф-35, засега тие авиони ги нема на лагер, изјави помошник државнниот секретар.

Купер притоа укажа дека САД се обидуваат да ја истиснат Русија од централно-азиските маршрути на воена соработка и снабдување „бидејќи во некои од земјите во регионот има потенцијал за подобра оперативна компатибилност со нас“.

Тој истакна дека процесот ќе се развива независно од тоа до како ќе се движат мировните преговори со Талибан во Авганистан.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ