Русија пред нова суспензија од ВАДА

Светската анти-допинг агенција соопшти дека Русија може да се соочи со исклучување од Олимписките игри во Токио доколку се потврди дека во изминатиов период се менувале податоците во московската лабораторија.

Воедно постои стравување дека ВАДА ќе даде препорака Русија да добие забрана на одредено за организирање на светски првенства во било кој спорт.

ВАДА веќе неколку недели ги разгледува податоците земени од лабораторијата во Москва од каде потенцираат дека се очекува Русија сепак да избегне нова суспензија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ