Русија и Турција ќе договараат нови С-400

Русија и Турција најверојатно ќе потпишат договор пред 2020 година за доставување дополнителни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев.

Ние работиме системски на ова прашање. Најважно е што двете страни имаат желба за соработка во таа област, изјави Шугаев за руските медиумите.

Претходно, можноста Анкара да купи нови противвоздушни системи ја потврди рускиот вицепремиер Јури Борисов и директорот на „Рособоронекспорт“, Александар Михеев.

Турција досега купи четири системи С-400. „Рособоронекспорт“ на 23 октомври објави дека Русија ги исполнила условите од договорот пред предвиденото време, доставувајќи ги сите елементи од С-400 системот, вклучувајќи ги и ракетите.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ