Русе Арсов нов в.д. директор на МКЦ

Со одлука на град Скопје, донесена вчера, Русе Арсов е именуван за нов в.д. директор на Младинскиот културен центар. Тој доаѓа на местото на Златко Стевковски, кој директорската функција во МКЦ ја вршеше изминатите 8 години , во два мандати. Новиот в.д. директор на МКЦ,  Арсов, во изјава за Телма вели дека ќе работи да ја зачува, но и да ја развие успешната приказна на МКЦ, во која и тој е вклучен, како вработен последниве 9 години и беше дел од тимот кој го организираше фестивалот МОТ.

„Доаѓам од тимот, кој во изминатите 9 години го правеше Младинскиот културен центар, посебна установа. Секако планирам, да ја продолжам таа, за нас, успешна приказна. И со многу верба да го кренеме сето тоа на едно уште повисоко ниво“, изјави новиот в.д. директор на МКЦ, Русе Арсов.

ТВ Телма се обиде да стапи во контакт и со претходниот директор на МКЦ,  Златко Стевковски, кој вториот мандат го доби 2015 година. Но тој остана недостапен на нашите повици.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ