Руиз противник на Џоушуа

Американецот, Енди Руиз најверојатно ќе биде следниот противник на Ентони Џошуа. 29-годишниот боксер, кој во досегашниот тек од кариерата во 33 настапи на професионалниот ринг има 32 победи од кои 21 со нокаут.

Последниот настап Руиз го имаше на 20 април кога во Карсон го совлада Германецот, Александер Димтриенко.

Ова ќе биде втор обид да стигне до некоја шампионска титула откако во пред три години беше поразен од Џозеф Паркер во мечот за појасот во верзијата на Светската боксерска организација. Дуелот против

Џошуа ќе се одржи на прво јуни во Њујорк.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ