РОНАЛДО ПРИФАТИ’’КРАТЕЊЕ ’’ НА ПЛАТАТА

Португалскиот репрезентативец и член на Јувентус, Кристијано Роналдо се согласил да му ја намалат годишната плата во клубот.Покрај  Роналдо и капитенот Џорџо Кјелини, и другите фудбалери како  и раководството на Јувентус се согласиле  за намалување на платите во клубот, како мерка за избегнување на откази поради кризата што е предизвикана од пандемијата од новиот коронавирус. Роналдо годишно заработува 31 милион евра, реши да се откаже од 3,8 милиони .Португалецот во изминатиот период ја истакна својата хуманост во екот на ширење на болеста Ковид-19. Заедно со неговиот менаџер Хорхе Мендеш донираа голема количина на медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ