Роналдо и официјално стана член на Јувентус за 105 милиони

Успешен е договорот на векот!

Реал Мадрид и Јувентус го комплетираа трансферот на Кристијано Роналдо во Торино. Најдобриот стрелец во историјата на „кралскиот“ клуб заминува по девет години и ќе се обиде да ја продолжи својата доминација во Италија.

Освојувачот на пет „Златни топки“, кој моментално има 33 години, ќе си замине од Мадрид за сума од 105 милиони и за годишна плата од 30 милиони евра. Португалецот од поодамна најави дека сака да ја заврши етапата во европскиот шампион поради лошите односи со раководството, поточно со претседателот на екипата, Флорентино Перез.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ