Рон Ејти: Исцрпени се политичките можности за дејствување

Сведочиме на време во кое се исцрпени политичките можности за дејствување без оглед дали припаѓате на десниот или на левиот камп, смета Рон Ејти кој во последните 40 години направи тектонски поместувања со своите перформанси во рамките на изведувачките уметности и телесните уметности. Делата на Ејти,  се изложувани ширум светот и отворија бројни филозофски дебати за природата на идентитет, преиспитувајќи ги границита на уметничката практика.

  • За луѓето е веќе вообичаено да размислуваат или си со нас или си против нас. Како да не постои лично искуство, како да не постои нешто што ново откриено или како да не е дозволено да имате искуство поинакво од другите.  Или си непријател или си сојузник, истакна Рон Ејти, уметник.

Многу нешта за кои малкумина се свесни се суптилна пресија низ медиумите и социјалните мрежи за тоа како треба луѓето да размислуваат и како треба да изгледаат, дали убавината и прилега само на младоста начинот на кој го поимаат телото, вели Ејти.

  • Јас секогаш се спротиставувам на тоа што поп културата го наметнува како треба да се изгледа и што стои зад сето тоа, дали тие кои ги даваат пораките имаат прочитано некаква литература и колку се продлабочени во нивните толкувања, истакна Рон Ејти, уметник.

Во рамките на годинашното седмо издание на Викенд на гордоста кој продолжува и следниот викенд беа изведени повеќе перформанси на реномирани уметници, трибини и промоција на книгата „Како да се биде геј“ на Дејвид Харперин,   постхумно издаден превод на Огнен Чемерски.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ