Романија победи, но Македонија слави шесто Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство идната година во Германија и Данска, откако во баражот беше подобра од Романија.

Нашите момци денеска на реваншот во Клуж загубија со мининални со 26-25, но скопските 32-24 беа гаранција за шести пласман на Мундијалите на Македонија и четврти по ред.

Пласманот на Македонија во ниту еден момент не беше доведен во прашање, бидејќи Романците немаа поголема предност од четири погодоци. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа онолку колку што требаше за да ја заверат визата за Светското првенство.

Дејан Манасков беше најефикасен во таборот на Македонија со седум погодоци, додека Кире Лазаров постигна шест. Борко Ристовски имаше девет интервенции на голот.

Македонија своите противници во групата на СП ќе ги дознае на 25 јуни за кога е закажана ждрепката.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ