Рокада во МЗТ: Синовец доаѓа, Мајсторовиќ си заминува

Стефан Синовец по четврти пат се врати во редовите на  МЗТ Скопје Аеродром во изминатите пет години.

Тој со „металците“ потпиша до крајот на сезоната и доаѓа од таборот на Мега Бекамс, каде што во АБА-лигата имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 3,1 асистенции. Синовец се очекува да дебитира во дресот на македонскиот првак на дуелот со Кожув во среда во салата „Јане Сандански“.

Екипата, пак, ја напушта неговиот сонародник Ѓорѓе Мајсторовиќ и тоа со спогодбен раскин на договорот. Тој дојде на почетокот на ноември и одигра 14 средби во регионалното натпревараување со просек од 4,8 поени и 2,7 скока.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ