„Роденден на уметноста“ во МКЦ

Младинскиот културен центар  со разнолика програма по седми пат го прослави „Роденденот на уметноста“.  Со поетскиот перформанс насловен  „Песнило“, изложба на несекојдневни фигури од пластелин на шест годишниот Максим Цветановски, Музејот на раскинати врски, филмска ревија, промоција на книга и концерти култниот МКЦ  славејќи ја уметноста ги обедини на едно место различните генерации .

Ова е само една светска иницијатива во која пред седум години се вклучи и МКЦ за да на 17 јануари се слави уметноста, тоа една иницијатива каде се вклучени голем број држави меќу кои и од Македонија се вклучува Младинскиот културен центар. 00:51 -00?55 Решивме ова да биде настанот со кој ја почнуваме годината и сезоната, вели директорот на МКЦ Русе Арсов.

Музејот на раскинати врски го создале хрватите Дражен Грубишиќ и Олинка Виштица, кои по прекинувањето на нивната врска решиле да ги изложат предметите што ги потсетуваат на нивното заедничко минато. Колекцијата на музејот кој доби свои простори во Загреб и во Лос Анџелес веќе ја имаат видено илјадници луѓе низ светот.

Мислам дека таа искреност на идејата и емоцијата беше препознаена и малку по малку се работеше на тоа. На почетокот патувавме, а четири години подоцна го отворивме вистинскиот музеј кој во моментов е еден од најпосетените музеи во Хрватска, што мене и денес ми е необично, вели Дражен Грубишиќ од Музејот на раскинати врски.

Во рамките на мултимедијалниот настан во МКС беше промовирана и книгата „Радио“ на новинарот Љупчо Јолевски. Книгата е мој личен обид да направам пресек на изминатите пет години и да спасам од заборав некои мои текстови и интервјуа, вели Јолевски.

Едноставно чувствувам дека имаме жива пулсирачка култура. Нешто што е мерливо со се она што се случува во светот и дека тоа треба конечно да остане забележано. Од времево во кое живееме за некои времиња во кои допрва доаѓаат, вели авторот.

Роденденот на уметноста во Младинскиот културен центар се славеше до раните утрински часови со музика на диџеј парот Виолета Качакова и Мирко Попов.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ