Ристовска верува дека ќе се најде решение за СЈО

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристовска се надева дека ќе се најде решение за обвинителството. СЈО има мандат до 2020 година рече таа и покрај иднината на обвинителите се грижат и за сите вработени.

Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на законот за јавното обвинителство.

СЈО ќе соопшти за понатамошните чекори откако вчера го доби дописот од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите.

Во овој момент не би можела ништо да ви соопштам. Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството, додаде таа.

Јовески вчера рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и се надева дека процесот ќе тече брзо. Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ