РФМ ја исплати премијата за пласманот на ЕП

По претходно донесената одлука на Управниот одбор, Ракометната федерација на Македонија денеска ја исплати премијата од 40.000 евра предвидена како награда за освоеното прво место во квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи следната година во Австрија, Шведска и Норвешка.

Нашите ракометари со само еден пораз го завршија овој квалификациски циклус и како првопласирани обезбедија место на уште едно големо натпреварување.

Македонската репрезентација е на шестото учество на континенталните шампионати е дел од Б групата каде покрај нашата селекција ќе настапат уште Австрија, Чешка и Украина, а мечевите ќе се играат во Виена.

Европското првенство ќе се игра во периодот од 10 до 26 јануари следната година, а настапот на македонската селекција ќе можете да го следите низ директни преноси на Телма.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ