Реваншот меѓу Руиз и Џошуа ќе се одржи во Саудиска Арабија

По долги преговори меѓу промоторите на двајцата боксери конечно е донесена одлука каде ќе се одржи реванш дуелот за шампионските титули во тешка категорија меѓу Енди Руиз и Ентони Џошуа.

Иако поранешниот првак сакаше повторно да боксува во Њујорк, промоторот Еди Херн го фаворизираше Кардиф, а имаше предлог тој да се одржи во Мексико сепак на крајот Руиз и Џошуа за титулите во WBA, IBF, WBO и IBO ќе боксуваат на седми декември во Саудиска Арабија.

Деталите за новото соочување ќе бидат познати в понеделник на 12 август кога ќе се одржи прес конференција, а според првите информации мечот ќе почне во 22 часот по средноевропско време.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ