Ременски го повика Трајко Вељановски да си поднесе оставка

Потпретседателка и пратеничка на СДСМ , Фросина Ременски, побара оставка од пратеникот Трајко Вељановски од морални и од правни причини.

  • Ако ги исправиме моралните дилеми од аспект на легитимноста и кредибилитетот на носењето на одлуките од страна на Комисијата, од аспект на тоа кој ги води комисиите, нема голема разлика морализирањето на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина и на неповедена постапка за истрага, наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељановски на кој што ова Собрание не можеше да му го одземе имунитетот заради солидарноста на неговите сопартијци, а е под сомнение и при крај на поведување на обвинителен акт за здружување заради непријателска дејност односно за организација на насилните настани на 27 април во Собранието на Република Северна Македонија.
  • Јас го повикувам пратеникот Трајко Вељановски да си поднесе неотповиклива оставка и од морални и од правни причини од Комисијата за надзор на Управата за безбедност и контра-разузнавање и на Агенцијата на разузнавање бидејќи, прво е недостоен за вршење на функцијата пратеник на кој што побарање на Судот, Собранието не успеа да му го одземе имунитет и го прави потенцијален безбедносен ризик за користење на информации од класифицирана природа – државна тајна.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ