Рекорден шести трофеј за Њу Ингланд

По триумфот од 13:3 во дуелот против Лос Анџелес Ремс, Њу Ингланд Патриотс по шести пат во историјата го освоија трофејот Винс Ломбарди и го израмнија рекордот на Питсбург Стилерс.

Педесет и третиот Супер боул ќе се памети по историскиот триумф на Њу Ингланд, но и по неславниот рекорд од најмал број на поени во решавачкиот дуел за титулата во НФЛ лигата.

Во меч во кој потфрли нападот, а доминираше одбраната клучен момент беше тачдаунот на Сони Мишел, кој воедно беше и единствениот во текот на финалето. За најкорисен играч на натпреварот е прогласен вајд ресиверот на Њу Ингланд, Џулијан Еделман, кој во осум обиди освои 141 јард.

Том Брејди влезе во историјата како највозрасен квотербек во историјата на НФЛ, а тренерот на Њу Инглад, Бил Беличек со 66 години е најстариот тренер што триумфирал на еден Супер боул.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ