Реисот со одговор на ултиматиумот – нема место за „гејови“ во заедницата

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го постави Скендер Бузаку, со одговор дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека сите тие мора да бидат избркани надвор.

Реџепи не сакаше да дополни и да одговори што мислеше со оваа изјава. Наместо него, изјавата се обиде да ја ублажи и релативизира муфтијата Мухамер Вејсели, директор на агенцијата за Халал стандартди и член на ИВЗ кој кажа дека доколку има било какви сознанија или докази за криминал кој го инкриминира реисот, треба да ги достави во полицијата или обвинителството.

Завчера Скендер Бузаку, му упати ултиматиум на реџепи до петок да поднесе оставка од местото реис или во спротивно ќе објави докази за финансиски криминал теок неколку милоиони евра.

Реџепи и Бузаку неколку месеци се во отворен конфликт околу тоа кој ќе ја овди ИВЗ.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ