РЕАЛ,ТОТЕНХЕМ,СИТИ И РОМА СО ПРЕДНОСТ ЗА РЕВАНШИТЕ

Тотенхем на „Вембли“ во Лондон го совлада лидерот во Бундеслигата, тимот на Борусија Дортмунд со 3:0. Головите ги постигнаа: Сон,  Вертонген и Љоренте, сите во второто полувреме.И на дуелот на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам мрежите се затресоа во вторите 45 минути. Реал победи со 2:1 со головите на Карим Бензема и Марко Асенсио. За домаќините погоди Хаким Зијех.Реваншите се закажани на 5 март во Дортмунд и во Мадрид.Првиот круг од соинафиналето ќе се комлетира наредната седмица со натпрварите Ливерпул-Баерн,Олимпик Лион-Барселона,Атлетико Мадрид-Јувентус и Шалке-Манчестер Сити.

Претходно, фудбалерите на ПЗЖ ,остварија голема победа од 2-0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед во првиот дуел  од осминафиналето.Без голови заврши првото полувреме. Во период од седум минути во второто полувреме,парижаните зачекорија кон четвфиналето со головите на Кимпебме и Мбапе.ПСЖ предвдоен од Тухел, настапи без Нејмар и Кавани.Солсјкер кој го дожиева првиот пораз  откако е тренер на  Јунајтед,за реваншот во Париз не ќе може да смета на Погба кој во финишот доби втор  жолт картон.

Второто полувреме беше попродуктивно и на средбата во Рим.Рома со двата гола на Заниоло во 70 и 76 минута поведе со 2-0 над Порто,но гостите  преку Адријан  во 79-та намалија на 2-1 и  оставија простор победникот да се  одлучува на стадионот Драгао на 6 март .

Првиот круг од осминафиналето ќе се комлетира наредната седмица со натпреварите Ливерпул-Баерн,Олимпик Лион-Барселона,Атлетико Мадрид-Јувентус и Шалке-Манчестер Сити.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ