Реал Мадрид си купи нов стопер за 50 милиони евра

По доаѓањето на Зинедин Зидан на клупата, Реал Мадрид денеска го официјализираше првото засилување за идната сезона.

Стоперот на Порто, Едер Милитао од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ за 21-годишниот стопер платија 50 милиони евра, односно ја активираа неговата откупна клаузула.

Бразилецот потпишал шестгодишен договор со шпанскиот гигант, а официјално ќе му се приклучи на новиот тим на 1 јули. Милитао во дресот на Порто ја игра само првата сезона, бидејќи пристигна минатото лето од Сао Пауло. Дефанзивецот е првото засилување за Зинедин Зидан по враќањето на клупата на Реал Мадрид.

Клубот ова лето ќе прави вистинска реконструкција во играчкиот кадар, а како потенцијални засилувања се споменуваат Еден Азар, Кристијан Ериксен и Нејмар.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ