Реал Мадрид се пласираше на Ф4 во Евролигата

Вечерва се играат два натпревари од четврт-финалната серија во разигрувањето за шампионската титула во кошаркарската Евролига. По вчерашниот триумф над Панатинаикос, кошаркарите на Реал Мадрид се првите учесници на завршниот турнир што ќе се одржи во Виторија.

По два одиграни дуели вечерашните противници имаат по една победа. Басконија по сензационалниот триумф во Москва во следните два натпревари е домаќин на ЦСКА и има шанса да направи сензација и да се пласира на завршниот турнир.

Идентична е ситуацијата и во соочувањето меѓу Барселона и Анадолу Ефес. Каталонците во претстојните два меча играат пред своите навивачи и имаат шанса да бидат меѓу четирите тима кои ќе се борат за трофејот во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Првиот учесник на Фајнал фор е Реал Мадрид, кој вчера во Атина го совлада Панатинаикос со 89:82 и со вкупен резултат од 3:0 ја продолжува битката за одбрана на трофејот. Во вториот меч Фенербахче славеше над Жалгирис со 66:57 и поведе во серијата подобар од пет со 2:1.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ