Реакции за Договорот за името

Веднаш по објавувањето на Договорот за решавање на споропт со името во Скопје и во Атина, реакции и честитки  за двајцата премиери Заев и Ципрас, но и со ветувања дека патот за Македонија кон ЕУ и НАТО сега е осигуран.

Најпрво се јави медијаторот Метју Нимиц, кој по две децении посредување дочека успешен крај на преговорите и им честиташе на двете страни.

„Не се сомневам дека договорот ќе доведе до период на зајакнување на односите меѓу двете соседни земји и особено меѓу двата народа. Во тој контекст, ги охрабрувам двете влади да се посветат на испорачување на заеднички придобивки за сите граѓани преку воведување на стратешко партнерство како основа за интензивна соработка во сите сфери“.

Во Европската Комисија не го криеја задоиволството од постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција, па и емитуваа кусо видео од прес-конферециите на македонската и грќката Влада, но и што значи овој Договор. Високата претставниќка за надворешна политика Фредерика Могерини во Европарламентот го искористи своето обраќање на седницата за Грузија, да го поздрави Договорот и да им честита на премиерите Заев и Ципрас..

„Сметам дека тие ја заслужуваат сета наша поддршка и честитки за историскиот момент кој ќе биде важен не само за двете земји туку и за целиот регион, за Европа и за светот бидејчи покаѓа. Како што веќе реков, дека со дијалог, упорностѕ, лидерство, храброст и дипломатија решенија се можни за за најтешките прашања“.

Могерини заедно со Хан во соопштение ги повикаа европските лидери на самитот на 28 јуни да и дадат датум на Македонија за почеток на преговори затоа што тоа го заслужува.

И Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го нарече договорот историски.

Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на твитер порача –  Ви благодарам што невозможното го направите возможно. Од сите европски држави почнаа да пристигнуваат вакви пораки, а решението на спорот со името е веќе прва вест и во светските медиуми.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ