Рац: Нема докази дека имало закани по животот на Груевски

Унгарија нема да го екстрадира Груевски во Македонија, бидејќи сега откако доби азил, се смета за меѓунардно заштитена личност, анализираат унгарските експерти по меѓународно право.

Тие велат дека ако Македонија докаже дека унгарските власти учествувале во неговото шверцување во земјата, со помош на унгарските амбасадори, тогаш според Виенската конвенција за конзуларни врски македонските власти ќе можат да ја тужат Унгарија во Меѓународниот суд за правдата.

Во интервју за „Јуроњуз“, унгарскиот политички аналитичар Андраш Рац вели дека нема докази дека животот на Никола Груевски е под закана ако биде вратен во Македонија.

Рац вели дека легално унгарската влада има право да му одобри азил на поранешниот премиер, но начинот на кој е дојден во Будимпешта ги поткопува сите унгарско-македонски релации.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ