Расте бројот на предметите пред Европскиот суд за човекови права

Постојано е во пораст  бројот на граѓани кои правдата ја бараат пред Европскиот суд за човекови права, а Македонија според бројот  на жители е меѓу државите со голем број предмети во овој суд.  

Иако  дел од нив  се отфрлаат поради строгите  критериуми, загрижувачки е што меѓу оние кои се прифаќаат има предмети што се повторуваат и тоа за разни повреди-слобода на изразување, вероисповед, проблематични притвори, тортури, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во судот во Стразбур.

-Недозволено е кога имаме предмети каде што Евопскиот суд  за човекови права укажал на проблемите истите тие проблеми да се повторуваа и повторно Европскиот суд да наоѓа повреда на човекови права, вели Цаца Николовска.

Цаца Николовска вели дека проблеми има и во извршувањето на пресудите,  а најпроблематични за извршување се предметите каде треба измени на законите. Европскиот суд го оценува и квалитетот на законите, но и дали правилно се применува постоечката законска регулатива.

Токму затоа исклучително е важно судската, законодавната и извршната власт да го коригираат  своето однесување.

-Да не носат закони на брзина за кои после кратко време треба да се прават измени, амандманската распарава е многу комплицирана, обезбедување на мнозинсктво и така натаму. Сето зборува за еден проблем во Македонија кои што и натаму ќе биде оценуван од страна на Европската комисја со енгативни поени, вели Цаца Николовска.

Таа порача дека законите треба да бидат јасни,  конкретни и ефективни, базирани врз националната и меѓународната легислатива.   

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ