Расправија со новинар го довела Вучиќ во прединфарктна состојба?!

  • Што пишува прочитајте ми
  • Пишува дека е еден од членовите
  • Ама прочитајте ми, јас ви верувам вас, имам наочари не можам да видам..тука ништо не се гледа..прочитајте ми што пишува, оставете ги тие трикови…

Поради оваа расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, и беше примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Новинарот кој наводно го растревожи Вучиќ всушност го потсети на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба?! Прстот во него во вперија никој друг туку неговите колегите од медиумите блиски до власта, односно новинарите, таблоидите кои ја поддржуваат политиката на Вучиќ.

  • Оној колега, така да го наречам, кој му го внесува телефонот во лице на претседателот на државата, па каде го има тоа? , вели Драган Вучичевиќ, уредник на Информер, ТВ Пинк.

Новинарот смета дека целата ситуација е претходно исценирана и смислена во некој друг центар на моќ, од како што рече хејтери кои сакаат дури и да го убијат претседателот.

  • Што била идејата ? Идејата беше да се предизвика махинална рефлексна реакација на секој нормален човек, секој би реагирал така, 90 отсто од луѓето, па и јас и вие, кога некој би ни го буткал телефонот во лице, ако ништо друго ќе го бутенете со раката…

Уредникот на Пинк ТВ, не беше единствениот во обвинувањата кон новинарот Совиљ, на него се надоврзаа и таблоиди, и аналитичари. Сепак, повеќемина новинари и нивни здруженија сметаат дека таквата интерпретација на настаните претставува директен притисок врз независните медиуми и ја загрозува нивната безбедност. Телевизијата Н1 е честа цел на напади, поради нејзината независна уредувачка политика. Во меѓувреме, за здравјето на Вучиќ се огласи министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот. 

Ситуацијата на Вучиќ е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Свет

Турција ќе насели еден милион сириски бегалци во преземените сириски територии   Турскиот претседател Реџеп...