Распоред на преноси од Супер глоуб 2019 на Телма

Ракометарите на Вардар настапот на Супер глоуб го почнуваат од утре (среда) од 19 часот. Телма ексклузивно на својата програма ќе ги емитува сите натпревари од Светското клупско првенство, а со директни преноси стартуваме од утре од 11 часот и 15 минути.

РАСПОРЕД НА ПРЕНОСИ НА ТЕЛМА ЗА 28.08.2019

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

11:15 часот Ал Вехда – Таубате
13:30 часот Замалек – Кил / Сиднеј
16:20 часот Барселона – Ал Духаил
19:00 часот Вардар – Ал Мудхар / Њујорк

На програмата на Телма во директен пренос ќе можете да ги следите полуфиналните мечеви на турнирот како и завршните средби за конечен пласман.

Полуфиналните дуели се играат в четврток со почеток од 16 часот и 20 минути и 19 часот.

А решавачките натпревари за пласман на програмата се в сабота. Дуелот за третото место почнува во 13 часот и 30 минути, а финалето се игра од 16 часот и 20 минути.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ