Ракометарките почнаа со подготовки за двомечот со Фарски Острови

Селекторот Симе Симовски утрово го имаше првиот собир со женската ракометна репрезентација во пресрет на двата натпревари со Фарски Острови во рамки на квалификациите за Европското првенство, што годинава се одржува во Франција.

Националниот тим ќе се комплетира вечерва со пристигнувањето на Елена Ѓорѓиевска, Драгана Петковска и Наташа Нолевска.

Македонија утревечер патува за Торшван каде во среда го игра првиот натпревар со Фарски Острови, додека во Скопје натпреварот е закажан за во недела од 19 часот во „Кале“.

Досега во евроквалификациите имаме два порази од фаворитите во групата 3. Од Шведска загубивме на гостински терен со 38-26, додека во Скопје бевме поразени од Србија со 27-33.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ