Ракометарите поразени од Шпанија, утре е решавачкиот меч со Исланд

Втор пораз на Македонија на 26 СП-во, вечерва од   Шпанија со   21-32. Националниот тим одигра две различни полувремиња.Извонредно  прво, во кое  на крилјата од 11-те одбрани на Митревски, македонскиот состав  имаше водство и од 6-3 а до крајот од  полувремето, Европскиот  првак успеа да реализира во 30-та минута и да замине на пауза со водство од 13-12. Вторите 30 минути беа поинаква слика.Серијата технички грешки го  исфрли од ритам нашиот тим . Шпанија со  гол низа од 5-0 го остави македонскиот состав  без погодок  3 минути а до крајот, Црвената фурија стигна и до убедлива победа. Во продолжение, селекторот Гонзалес им даде шанса  и на дебитантите, Чурлевски, Танкоски, Серафимов и Крстевски   и ги одмори првотимците за утрешната решавачка пресметка за опстанок на СП-во.

Кире Лазаров постигна 5 гола за едно полувреме,најефикасен беше  Пешевски  со 6,Кузмановски  заврши со 4  погодоци.Кај Шпанија од 12 реализатори против Македонија, прв стрелец Гомез со 6 голови.

Утре од 18 часот во последното 5. коло во групата, нашите ракометари ќе играат со Исланд во директна пресметка за 3-то место кое води до главната фаза.

 

СП  ГЕРМАНИЈА / ДАНСКА

 ГРУПА  Б    4.КОЛО

МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА       21-32

ЈАПОНИЈА-ИСЛАНД                 21-25

ХРВАТСКА-БАХРЕИН                32-20

ТАБЕЛА

1.ХРВАТСКА                8

2.ШПАНИЈА               8

3.ИСЛАНД                   4

4.МАКЕДОНИЈА        4

5.ЈАПОНИЈА               0

6.БАХРЕИН                  0

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ