Ракитиќ ја напушта Барселона: Следна дестинација – Интер

Интер идното лето можеби ќе го загуби Мауро Икарди, но италијанските медиуми тврдат дека клубот веќе е во напредни преговори да го доведе Иван Ракитиќ.

Според „Газета дело Спорт“, преговорите со Барселона се во полн ек и се споменува обештетување од околу 45 милиони евра.

Хрватот има договор со „каталонците“ до 2021 година, но неговото место во стартниот тим веќе не е толку сигурно, бидејќи клубот сериозно се подмлади со Артур, но и со ангажманот на Френки де Јонг. Идното лето се очекува на „Камп Ноу“ да пристигне и Адриен Рабио од ПСЖ.

Ракитиќ во Интер би добил тригодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона, што е нешто повеќе од она што го заработува моментално во барселона.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ