Раиконен со рекорден круг до пол-позицјата на „Монца“

Возачот на Ферари Кими Раиконен ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Италија во Формула 1 и постави нов најбрз рекорд во историјата на патеката „Монца“.

Финецот изненадувачки ги победи двајцата конкуренти за титулата, неговиот тимски колега Себастијан Фетел и актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес.

Раиконен ја освои првата пол-позиција за Ферари на „Монца“ уште од 2010 година и го направи тоа со време од 1:19,119 минути и го урна претходниот рекорд на Хуан Пабло Монтоја поставен уште во 2004 година.

Возачот на Ферари постави уште еден рекорд, откако кругот го извозе со просечна брзина од 263,5 километри на час.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ