Рафаел Варан им соопштил на челниците на Реал Мадрид – Си одам!

Рафаел Варан ги известил челниците на Реал Мадрид дека во јунскиот преоден рок сака да си замине од клубот.

Францускиот дефанзивец сака нов предизвик во кариерата и не сака да остане во редовите на „кралевите“ и покрај враќањето на клупата на неговиот сонародник Зинедин Зидан, кој беше и главниот виновник за неговото доаѓање во Мадрид од Ленс уште кога беше тинејџер.

Варан има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година и откупна клаузула од дури 500 милиони евра. Заинтересираните клубови ќе мора да понудат серизни пари за да го добијат одличниот дефанзивец, а најзаинтересирани тимови се Манчестер јунајтед и Јувентус.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ