Работодавачите ќе ја зголемат минималната плата за да ги задржат работниците

Хроничниот недостиг на работници ќе ги натера половината од работодавачите да ги зголемат минималните плати. Соочени со нагорен тренд на иселување на луѓето поради ниските плати, велат дека ќе ја прифатат новата мерка на владата за субвенционирање на минималната плата. Па наместо планираното 5 % зголемување, финансиската помош од владата ќе овозможи платите да пораснат за 7-10%.

„Најмалку половината ќе прифатат.Немаат друга можност. Растат трошоците на живот, зголемен е притисокото за раст на плати, огромен е недоистигот на работници. Газдите немаат др можност, или ќе ги зголемат или ќе ги затворат фабриките“, кажа Ангел Димитров организација на работодавачи ТЕЛ.

Од Сојузот на Синдикати очекуваат зголемувањето на платите да ги мотивира работодавачите да го зголемуваат платите на сите работници.

„Оваа мерка треба да биде стимул и помош на компаниите до создавање на реални услови во компаниите за самостојно обезбедување на исплата на плата која ќе биде во висина на реално вреднуван труд на работниците“, соопштија од ССМ.

Според економистите субвенционирањето на платите нема да ја зголеми продуктивноста и конкурентоста на компаниите. За да може економијата да расте а фирмите сами да исплаќаат поголеми плати решението според нив треба да се бара во набавка на нови машини и технологии.

„Мерката на владата е позитивна, но сепак 70% од порастот на платата треба да го создаде работодавачот. Значи тој раст мора да произлезе од растот на фирмата, т.е од поголема продажба и не може да се наложува со закон. Затоа на долг рок поефектни би биле мерките кои поддржуваат инвестиции, надградба на технологија и производство со поголема додадена вредност“, смета Finance think

Законот за измени и дополнувања на законот за мин.плата во собранието ќе се носи по скратена постапка. Доколку работникот има плата од 12 000 денари, а работодавачот му ја зголеми за 3000 денари, 30 % од тој износ ќе биде субвенциониран од владата. Оваа мерка можат да ја користат сите приватни компании во кои трошоците за плата се поголеми од 50 % од вкупните расходи. Од минатата година минимална плата од 12 000 денари земаат 90 000 работници.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ