Путин – Зеленски, состанок без насмевки и ракувања

Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа на самитот во Париз, кој има за цел да се зголемат напоритите за да се врати мирот во источна Украина. На состанокот на кој присуствуваа францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел, помина без насмевки и ракувања. По билатерланите состаноци во Елисејската палата, Путин и Зеленски влегоа во собата за состаноци на четворицата лидери, накратко се погледнаа, но без насмевка. Не се ракуваа ниту пред камерите.  

Самитот е во организација на Франција, а има за цел да го заврши судирот во кој од 2014-та година загинаа повеќе од 13.000 луѓе. Дипломатите предупредуваат дека се мали шансите да се постигне траен мир, со оглед на тоа што Зеленски и нема некој маневарски простор, а Путин покажува малку интерес за прилагодување на надворешните притисоци.

Самитот во Париз е прва средба на четворицата лидери во т.н. Нормандиски формат.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ