Путин: Имам чувство дека Трамп сака нормализација на односите

Имам чувство дека Трамп сака нормализација на односите, му кажа рускиот претседател Владимир Путин, на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој допатува до далечниот Сочи да се сретне со него. Путин вели дека телефонскиот разговор кој го имал со Трамп пред десетина дена, го охрабрува да го има овој впечаток.

  • Како што знаете, пред неколку дена имав задоволство да разговарам со американскиот претседател Доналд Трамп на телефон и добив впечаток дека претседателот има намера да ги обнови американско-руските односи и контакти со цел да се решат некои прашања кои се од заеднички интерес, рече Путин. 

Путин се надева дека ситуацијата наскоро ќе се промени и двете земји ќе соработуваат, за како што кажа, да се борат против заканите на модерното време: решавање на регионалните кризи во светот, борбата против криминалот и оружјето за масовно уништување.

Помпео, кој претходно три часа на само разговараше со рускиот министер за надворешни Лавров, ја пренесе пораката од својот шеф, иако како што кажа со Москва имаат несогласувања за одредени прашања. Сепак, дошол за да сугерира неколку идеи за подобра соработка.

  • Дел од нашите соработки беа одличнни, како Северна Кореја, Авганистан, каде завршивме добра работа во борбата со тероризмот. Ова се работи на кои треба да се потпреме, знам дека ќе добиеме шанса да разговараме и за нашиот стратешки безбедносен дијалог, како и за тоа за заедничката соработка за овој многу , многу важен глобален проект, порача Помпео. 

Пред крајот, рускиот лидер не можеше, а да не биде саркастичен, и го спомна извештајот на специјалниот обвинител Милер, каде на крајот беше заклучено дека Русија не се мешала во претседателските избори во 2016-та. Работата на Милер ја нарече егзотична.

  • Колку и да беше егзотична работата на специјалниот обвинител Милер, морам да кажам дека во целост тој извршил објективна истрага и потврди дека нема траги за некаква вмешаност на Русија во актуелната американска администрација, за што кажавме дека е апсолутна лага, истакна рускиот претседател. 

И на самиот старт од оваа средба, Путин испрати моќна порака. Во Сочи имаше драматично пристигнување. Неговиот претседателски авион беше придружуван од шест стелт – борбени авиони.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ