Пусто на изборите во селата Говрлево и Градовци

На само 15 километри воздушна линија од градскиот метеж во Скопје се наоѓа селото Говрлево.

Мало, мирно место во кое на патот ќе те пресретне само по некое животинче, но ретко  човек.

Ќуќите се празни, запустени.  Улиците служат само кого некој оди до својата викендица. Тројцата жители на ова село за да гласаат денеска треба да патуваат повеќе од 5 километри од својот дом.

Тука , го сретнавме и Бранко Стефковски. Еден од ретките кој останал во Говрлево со неговата сопруга Пауна. Децата се во Скопје, и некогаш доаѓаат да ги посетат.

Тој, вели негрижата на надлежните ги натерала младите да си отидат.

На ова избирачко место претпладнево дојде еден од тројцата жители на Говрлево, вели патувал 15 минути со својот автомобил за да гласа.

Ништо поразлична не е сликата и во селото Градовци, село близу Зелениково во подножјето на Китка.

Тука, според официјалниот избирачки список се регистрирани само 8 гласачи. Ние, не наидовме ниту на еден.  Овде денеска немаше избори бидејќи за да дојдат изборните комисии потребно да има најмалку 10 гласачи.

Покрај ова ДИК одлучи денеска да не отвори уште 81 избирачко место и потенцираат дека оваа тенденција се зголемува во секој нов изборен процес.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ