Пуштена делницата Демир Капија – Смоквица по 6 години градење

Свечена церемонија и видни гости од ЕУ и од Владата. По 6 години градење, денеска беше пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица, новоизградениот дел од автопатот Пријателство. Делницата е долга 28,2 километри, а за нејзинбата изградба се потрошени вкупно 228 милиони евра, најголем дел од парите се кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, како и грант од ЕУ.

Впишавме уште еден значаен проект и го затворивме инфраструктурниот систем за поврзување со нашиот пријател Грција, рече премиерот Зоран Заев на отворањето, кој не заборави да спомене дека изградбата на делницата ја почнала претходната Влада, а оваа Влада дала збор дека ќе ги заврши сите проекти и покрај наследените слабости и долгови. Со ова современо и безбедно автопатско решение ќе се забрза протокот на граѓаните и стоките, тоа ќе го олесни бизнисот и ќе се зголеми економскиот раст на земјата, рече Заев.

На делницата ќе има два тунела од по 1.200 метри, како и шест мостови, а безбедноста на на сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино. Со 24-часовен видео надзор се покриени тунелите, со 68 камери, на автопатот, преку кои до возачите ќе стасуваат предупредувања во случај на сообраќајки, дефекти во системот, евентуално затворање на сообраќајот.

Автопатот Демир Капија смоквица е последната алка која недостига на Коридорот 10, рече дирекоторот за проширување на ЕУ, Даниелсон. Тој е една од најсуштинските врски која поминува низ вашата земја и ја поврзува Европа од Салцбург до Солун, практичноп целиот регион со останатиот дел од Европа.

Оваа нова делница е прва од ваков тип на Балканот, и иако технички беше најтешка за изведба, станува збор за најсовремен тип на градба, рече министерот за транспорт, Сугарески.

На автопатот ќе има и две патарини, кај Гевгелија и Демиркапија, но колку тие ќе ги чинат граѓаните, надлежните засега не кажуваат.

Изградбата на делницата ја следеа и контроверзи, покрај грчкото обвинителство, за неа истрага отвори и СЈО, наречена Актор, за перење на милионски суми пари.

Нина Нинеска – Фиданоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ