Првите пари со Северна Македонија во оптек од 2020, нема да бидат двојазични

Првите банкноти кои ќе ги користат граѓаните и на кои ќе стои името Народна банка на Република Северна Македонија, ќе бидат петстоденарките, а потоа би следувале и банкнотите од десет денари, и за нив се веќе распишани тендери.

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, вели рече Ангеловска-Бежовска.

Парите и сега содржат симболи и мотиви од албанската култура, вели гувернерката. Но новите банкноти нема да бидат испишани и на Албански јазик, иако ќе има дополнителни консултации. Ќе се постапува согласно законите и Уставот.

„Во однос на употребата на Албанскиот јазик, банкнотите нема да го содржат и тоа, очекуваме да направиме дополнителни консултации и ќе постапиме соодветно на законската и уставната рамка“, вели Бежовска.

Целиот процес за замена на парите со старото име ќе трае околу 5 години, а евентуално негово забрзување може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската унија.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ