Првиот човек на Европскиот совет во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на 24 јануари ќе ја посети Македонија. Мишел в петок во земјава ќе допатува од Албанија, која ќе ја посети истиот ден.

Неговите средби со државниот и политички врв во земјава се предвидени за попладневните часови. Теми за разговор на средбите очекувано е да биде пристапувањето на земјава во ЕУ ви-за-ви реформата на  методологија на пристапување, но и реформскиот процес.

Мишел пред десетина дена за време на посетата на Хрватска како земја-претседавач со Унијата, изјави дека Унијата треба да испрати силна и јасна порака до Тирана и Скопје.

Се надевам дека ќе биде можно да направиме прогрес на модернизација на процесот на проширувањето и да видиме дали е можно да дадеме јасност за одделните земји“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.

Тој во Загреб изрази надеж дека Советот ќе постигне согласност.

Посетата на претседателот на Европскиот совет доаѓа една недела по посетата на новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји кој во Скопје најави дека Европската комисија повторно ќе побара старт на преговори со земјава, за што ќе треба да се одлучи Советот во март.

Вархеји изјави оти се надева на позитивна одлука, но побара од змејава да продолжи со реформите и да го донесе законот за Јавно обвинителство.

Европската комисија најави дека наскоро ќе го објави предлогот за нова методологија на преговарање, но нејзиниот став е и дека реформата на методологијата и преговорите со Македонија и Албанија треба да бидат паралелни процеси.

Најавите се дека Европската комисија идната недела ќе ги објави прдлог измените на методологијата.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ