Први случаи на коронавирус во Прилеп

Прилепскиот кризен штаб ги засилува мерките за заштита од Ковид-19, откако денеска се регистрирани првите двајца заболени од вирусот во Прилеп. Станува збор за  сопружници на возраст од околу шеесетина години кои се префлени на лекување во Инфективната клиника во Скопје.

Добив информација дека се во добра здравствена состојба и дека им е пружена адекватна здравствена помош. Со ова, сакам да им дадам поддршка за побрзо оздравување, меѓутоа и да ги охрабрам сите оние кои имале и најмал контакт со потенцијални преносители, да се пријават за да можат надлежните здравствени работници побрзо да реагираат, рече прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп подоцна ќе одговрат на прашањата како се заразиле двајцата сопружници, кои извесно е дека не патувале надвор од државата. Неофицајло нивниот син пред десетина дена се вратил од Копаоник во Србија, но не се знае дали бил во двонеделна самоизолација и дали е тестиран на вирусот. Сега се проверуваат контактите на сопружниците, а во услови кога бројот на заразени може да се зголемува, кризниот штаб во Прилеп веќе најави и доплнителни мерки.

Денеска, со поголем интензитет се вршеше дезинфекција на улиците во градот. Истото ќе биде направено и во населените места во нашата општина. Продолжува забраната за Јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен, рече Јовановски.

Градоначалникот Јовановски уште еднаш ги повика граѓаните да се однесуваат внимателно и одговорно откако денеска за првпат вирусот Ковид-19 е регистриран  кај две лица во Прилеп.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ