Првата миса во Нотр Дам по разорниот пожар, свештениците со кациги

Парискиот надбискуп Мишел Аупетит ја одржа првата миса во париската катедрала Нотр Дам, два месеца по разорниот пожар.

Само 30-тина верници беа сведоци на овој емотивен момент, а поради безбедносни причини носеа заштитни кациги. Надбискупот рече дека водењето на мисата со кацига на глава е бизарна работа, но одлучил да не ја извади. Мисата се одржа во малата капела од катедралата која не беше зафатена од пожарот, тоа е капелата на Девицата, каде се чува реликвијата од круната со трње, за која се верува дека ја носел Исус за време на распнувањето.

Денешната миса не е најава дека нештата се враќаат во нормала за катедралата, бидејќи на распоредот нема закажано други литургии. Пожарот кој избувна во 850-години старата катедрала се случи на 15-ти април. Уништен е кровот и куполота од 19-от век. Здравствените власти издадоа налог на околното население да направат крвни анализи за контаминација со олово, откако кај едно дете беше регистрирано високо ниво на олово во крвта.

Донации за обнова на Нотр Дам се уште стигнуваат, а француската Влада соопшти дека до сега се собрани најмалку 10 отсто одф 850 милиони евра, кои француските милијардери ги ветиле дека ќе ги дадат.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ